Во Холандија, со олеснувањето на мерките, денеска се отворени киносалите, музеите, театрите и рестораните.
Локалните медиуми објавија дека многу ресторани, каде што луѓето сега можат повторно да јадат во затворен простор, се во голема мерка резервирани, а влезниците за киносалите и театрите се распродадени, но бројот на посетители, сепак, е ограничен.
На некои места, како што е музејот „Ван Гог“ во Амстердам, беа одржани церемонии по повод отворањето.
„Културата е важен темел на нашиот град и целата земја“, рече градскиот поет Гершвин Боневација за време на церемонијата.
Традиционалното кино „Тушински“ се отвори со филмот „Битката на Шелде“, чија премиера беше во декември 2020 година, ден пред киносалите да мора да се затворат поради новите мерки за затворање.
Спортските сали исто така се повторно отворени, а работното време на угостителските објекти е поместено до 22 часот.
Ноќниот полициски час е укинат веќе некое време, а сите продавници се повторно отворени.