вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кајри Ирвинг се повреди, го пропушта следниот меч со Милвоки

Кајри Ирвинг се повреди, го пропушта следниот меч со Милвоки

Американскиот кошаркар Кајри Ирвинг вчера се здоби со повреда во поразот на Бруклин од Милвоки во четвртиот меч од серијата, по што е најавено дека ѕвездата на Бруклин ќе мора да паузира одредено време.

Бруклин нема да смета на својот плејмејкер во петтиот меч кој е закажан во ноќта меѓу вторник и среда.

Со повредите на Харден и Ирвинг  Бруклин ја загуби фаворитската улога во серијата против Бакс, која е израмнета на 2-2 и се очекува тешка и неизвесна серија до крајот.