среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во Скопје

Мотоциклист тешко повреден во Скопје
илустрација

На 17.06.2021 во 03.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Беласица“ во Скопје Б.М. (24) од Скопје управувајќи мотоцикл „пиаџо беверли“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, информира МВР.

Од полицијата истакнуваат дека во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.