недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден во Битола

Пешак тешко повреден во Битола
илустрација

На 21.06.2021 во 13.47 часот било пријавено дека во Битола на ул.„Партизанска“, мотоцикл „јамаха“, со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(28) од Битола удрил во пешакот В.Н.(74) од Битола.

Во незгодата В.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.