вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Откриена е диетата на Роналдо: Јаде само три вида храна и пие многу вода

Откриена е диетата на Роналдо: Јаде само три вида храна и пие многу вода

Кристијано Роналдо е најдобриот стрелец на Европското првенство по групната фаза.

Тој постигна пет погодоци, а неговата Португалија во недела ќе игра со Белгија во осминафиналето (Севиља, од 21 часот).

Роналдо (36) се чини незапирлив. Тој минатата сезона постигна 36 голови на 44 натпревари за Јувентус, и го израмни рекордот на легендарниот Иранец Али Даеи на Европското. Роналдо и даде два гола на Франција и постигна 109 голови во дресот на Португалија, а исто толку и легендарниот Али Даеи постигна во дресот на Иран.

Поранешниот напаѓач на Баерн постигна 109 гола на 149 настапи за Иран од 1993 до 2006 година.

Роналдо и покрај годините е во одлична физичка кондиција . Ова може да се припише на напорниот тренинг и специјалната диета, што ја откри Белгиецот Дауда Питерс од Јувентус. Питерс игра за У-23 тимот на Јувентус во третата лига, но понекогаш тренира со Роналдо и другите првотимци на Јувентус.

Таму забележал што го прави Роналдо различен од другите.

„Тој секогаш јаде исто. Брокула, пилешко и ориз“, изјави Питерс за ХЛН и продолжи:

„Тој пие литри и литри вода, никако Кока-Кола. Кристијано сака да победи во секое време и на кое било место. Тој ги тера младите играчи да растат. Навистина ве вклучува во сè“.

Младиот белгиски репрезентативец откри колку Роналдо се грижи за себе во текот на целата сезона.

-Тој не ги прави стомачните вежби од суета, туку затоа што на своето тело гледа како на инструмент за работа. Роналдо не стои пред огледало цело време. Нема време за тоа. Кога тој е во клубот, тој претежно тренира. Тој навистина живее за својата работа. Многу е убаво момче, но во исто време го сфаќа фудбалот многу сериозно. Тој не зборува за ништо друго во автобусот. Ќе биде многу мотивиран против Белгија.