среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Феникс Санс на победа до пласман во големото финале

Феникс Санс на победа до пласман во големото финале

Екипата на Феникс Санс славеше со 84:80 во четвртиот меч против ЛА Клиперс во финалната серија на Западот и дојде на само една победа од пласман во големото финале.

Отсуството на Кавај Ленард и тоа како е голем хендикеп за Клиперси кои останаа со минимални шанси да ја добијат оваа серија за да се најдат во битка за шампионскиот прстен.

Букер со 25 поени го предводеше Феникс до победата, за која придонесоа и Ејтон со дабл-дабл од 19 поени и 22 скока, како и Пол со 18 поени и 7 асистенции.

Пол Џорџ со двојниот учинок од 23 поени и 16 скока беше најефикасен од редовите на Клиперс.