понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СКАНДАЛОЗНО: Советникот на Заев предлага паралелни институции и соединување на Македонија кон Албанија (ВИДЕО)

СКАНДАЛОЗНО: Советникот на Заев предлага паралелни институции и соединување на Македонија кон Албанија (ВИДЕО)

Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа е лицето кое Зоран Заев си го вработи како свој советник. Скандалите за неговото име секојдневно се нижат, но најмногубројни се неговите изјави од минатото против Македонија.

Вчера објавивме интервју во кое тој вели дека е горд на терористите кои кај Диво Насеље убија и ранија голем број на припадници на македонските безбедносни сили.

Во ова негово интервју, советникот на Зоран Заев порачува дека Албанците во Македонија треба да добијат паралелни институции или да се соединат со Албанија.

-Албанците конечно треба да размислат, имаат две опции. Или да се подготвуваат за војна бидејќи имале многу причини да го земат оружјето и да се бранат од македонските напади или да чекаат додека да ги преселат сите Албанци од Македонија во Косово и Албанија, најдобро е да почнат да мислат на таков план, таков проект кој бара од Мендух Тачи или Али Ахмети и другите албански партии. Ако некој бара мое мислење ќе речам дека е добро да се почне да се градат паралелни институции, како што направиле во Косово во времето на Милошевиќ. Подобро е да се соединиме со Албанија отколку со овие кои не напаѓаат секојдневно, вели командант Хоџа.

Советникот на Заев во ова интервју им порача на Албанците во Македонија да прават платформа и да се соединат со Албанија.

-Нека прават платформа во интерес на Албанците, да не се занимаваат со тоа што прават Македонците со името или нешто друго. Ние сакаме во НАТО, сакаме во Европа, ја имаме Албанија, Косово. Косово има свои проблеми, но зошто да не се соединиме со Албанија, вели тој во ова интервју.

Советникот на Заев: Горд сум на јунаците од „Диво Насеље“ кои убија 8 и повредија 37 македонски полицајци (ВИДЕО)

Именувањето на Џезаир Шаќири, алијас Командант Хоџа за советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, не престанува да ја бранува јавноста.

Во конфликтот од 2001 година во кој загинаа 75 припаднции на македонските безбедносни сили, Командант Хоџа беше еден од командантите на ОНА.

За командантите вели дека е горд на нив и сега му се другари.

-Јас сум горд што ми биле другари, се бореле како лавови. Биле предадени и сепак издржале се до последен момент онака како што им доликува на јунаците слични на Мит Соколи на нашата нација, рече тој во интервју за KTV.

Актуелниот советник на Заев искажува своевидна гордост за големиот број на припадници на македонските безбедносни сили во тоа време.

-Да кажам само еден пример, единицата Тигри има 520 припадници кои што важат за најсилни и најтренирани во Македонија. Од нив 8 се убиени и 37 ранети. Ако ги поделиш излегува дека 10 % од најсилната полициска единица во Македонија се елиминираше. Да не зборуваме за деморализирање на останатите кои, според информациите што ги имаме се со големи трауми, истакна командант Хоџа.

Навреда за годишнината од убиствата: Заев беше дома кај Харадинај, чија Влада даде пари за терористите кои убиваа македонски полицајци во Куманово

На годишнината од убиството на осум македонски полицајци и ранувањето на повеќе од 30 нивни колеги, Зоран Заев беше на гости кај Рамуш Харадинај.

Владата на косовскиот премиер им подели 220.000 евра на семејствата на осудените терористи кои пукаа во припадниците на македонските безбедносни сили.

Заев, во придружба на неговата сопруга, Зорица Заева, завчера биле во приватна посета на Харадинај.

За посетата Харадинај напиша на Фејсбук:

„Заедно со Анита, го поздравивме нашиот личен пријател и македонски колега, Зоран Заев, со неговата сопруга Зорица, со желба за нашето пријателство да размислуваме за односите меѓу нашите две земји и народи“.

Скандалозно: Од 56 советници на Зоран Заев, дури 33 ќе си седат дома и нема да одат на работа во Влада, а народот ќе ги плаќа

Дури 33 од 56-те советниците на Заев ќе седат дома и нема да одат на работа во Влада, а ќе земаат плата за која пари ќе издвојуваат граѓаните.

Таков е примерот и со Џеваир Шаќири, познат како Командант Хоџа кој Заев ќе го советува за 36.000 денари месечно.

23 лица кои го советуваат премиерот Зоран Заев секој ден одат на работа во Владата и имаат свои канцеларии, додека 33 надворешните соработници не доаѓаат на работа туку советуваат по потреба, велат од Владата заСАКАМДАКАЖАМ.МК.

Најнови вести