четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка во Топанско, повредена девојка која управувала електричен тротинет

Тешка сообраќајка во Топанско, повредена девојка која управувала електричен тротинет

Млада девојка е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случила вчера на крстосницата од ул.„Македонско-косовска бригада“ и ул.„Втора македонска бригада“.

Како што информираат од полицијата во несреќата учествувале автомобил „тојота“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Х.(74) од Визбегово и електричен тротинет „ксиаоми“, управуван од Ф.К.(22) од Скопје.

-Во незгодата Ф.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.