На 09.07.2021 во 18,45 часот било пријавено дека на патот Штип-Кочани во близина на с.Крупиште се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „форд фокус“ со велешки регистарски ознаки управувано од Е.Г.(26) од с.Црник-Пехчево и товарно возило „мерцедес атего“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.А.(37) од Велес.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Е.Г. констатирани во Клиничката болница во Штип.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.