четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жена тешко повредена во сообраќајка во Скопје

Жена тешко повредена во сообраќајка во Скопје

На 10.07.2021 во 19,20 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул.“Кочо Рацин“ и ул.“11-ти Октомври“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “рено трафик“ со штипски регистарски ознаки, управувано од К.К.(63) од Скопје и патничко моторно возило “фолсваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Е.(54) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото “фолсваген голф“ В.Е.(53) од Скопје констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.