четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кристијано Роналдо и официјално е најдобриот стрелец на ЕУРО 2020

Кристијано Роналдо и официјално е најдобриот стрелец на ЕУРО 2020

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо од денес е побогат за уште едно индивидуално признание.

36-годишниот напаѓач на Јувентус постигна пет погодоци на Европското првенство, од кои три од пенал, со една асистенција за 360 минути поминати на теренот. Со ова постигнување се најде на првото место на листата на стрелците на Европскиот шампионат.

Ист број голови постигна и чешкиот напаѓач Патрик Шик, но на пет натпревари одигра 404 минути,  но тој не забележа асистенција и според правилата на турнирот, наградата за најдобар стрелец ја добиваат играчите со поуспешни додавања.

Роналдо исто така беше најдобар стрелец на Европското првенство во 2012 година, а во својата кариера постигна 14 погодоци на турнирите на „стариот континент“.

Карим Бензема (Франција), Емил Форсберг (Шведска), Ромелу Лукаку (Белгија) и Хари Кејн (Англија) постигнаа по четири гола на штотуку завршениот шампионат.