четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Прилеп

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Прилеп
илустрација

На 12.07.2021 во 08.20 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„Гоце Делчев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу велосипед со мотор, управуван од Љ.Н.(74) од Прилеп и патничко возило „рено лагуна“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(35) од Кадино село, прилепско, информира МВР.

Во незгодата Љ.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полциската станица Прилеп.