четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Велосипедист повреден во сообраќајка кај Југодрво

ФОТО: Велосипедист повреден во сообраќајка кај Југодрво
ММС

Велосипедист, неофицијално е повреден во сообраќајна несреќа која денеска се случи во центарот на Скопје, на булеварот „Кочо Рацин“.

Од МВР за Курир потврдуваат дека кај нив е пријавена сообраќајна несреќа утринава во 10:30 часот.

-На булеварот „Кочо Рацин“ е случена сообраќајна несреќа во која учествувале автомобил „Опел Корса“ и велосипедист, велат од МВР за Курир.

Полициски екипи се на терен и вршат увид.

Неофицијално повредениот велосипедист е пренесен во болница.