Екипата на Струга Трим Лум попладнево загуби со 4:1 од Лиепаја во реваншот во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.
Гостите од Летонија беа подобар противник и заслуженоп се радуваа на теренот на ФФМ „Петар Милошевски“.
Головите за Лиепаја ги постигнаа Укпа, Додо (два) и Карклинс. Скендери го даде почесниот гол за стружани.
На првиот натпревар одигран во Летонија резултатот беше 1:1, па Лиепаја со вкупни 5:2 оди во следното коло.
Од македонските претставници во ова натпреварување, вечерва играат Силекс на гости кај Петрокуб во Молдавија, како и Шкупи на теренот на Лапи во Косово.