петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Проблеми во Токио: Двајца спортисти имаат коронавирус, доаѓаат од иста земја

Проблеми во Токио: Двајца спортисти имаат коронавирус, доаѓаат од иста земја

Од 1 јули се заразени 55 лица поврзани со Олимпијадата. Бројот на заразени жители во Токио расте, а четири дена по ред има повеќе од илјада нови случаи.

Организаторите на Олимписките игри во Токио во неделата објавија дека се пријавени два случаи на инфекција со коронавирус кај спортисти во Олимпиското село. Ова се двајца спортисти од иста држава кои се натпреваруваат во ист спорт, и тие беа позитивни.

Ден претходно, во Олимпиското село е регистриран првиот случај на инфекција со Ковид-19, а станува збор за странец кој е вклучен во организација на Олимпијадата и чија националност не е објавена.

Во Олимпиското село ќе се сместат повеќето од 11.000 спортисти, а скоро сите олимписки натпревари ќе се одржат без гледачи, а спортистите, волонтерите, новинарите и другите лица вклучени во Олимпијадата подлежат на строги ограничувања и ќе се тестираат скоро секој ден.