Лубеницата има малку калории, освежува и го хидрира телото, а се смета и за афродизијак.
Понекогаш е тешко да избереме сочна лубеница, но овие неколку работи ќе ви помогнат при изборот:
Чукнете
Ако лубеницата „ѕвони“ и имате чувство како да одекнува – тогаш е слатка и зрела
Изглед
Зрелите лубеници доле имаат жолта боја. Ако е бела боја – не е зрела.
Здрава е
Лубеницата се состои од речис 90% вода, што ја прави идеална за хидрирање на организмот без вишок калории. Не само што содржи многу малку калории, туку е одличен избор и за диета и чистење на токсините од телото.