Сезоната на една од најлековитите бобинки е во тек, и не треба да пропуштите да уживате во фантастичниот вкус и извонредното влијание врз целокупното здравје.
Капините се богати со витамини, минерали, влакна и антиоксиданти со голема вредност, вклучително и антоцијанин – кој му дава темна боја на ова овошје и спречува воспалителни процеси, ги уништува слободните радикали, кои можат да бидат одговорни за формирање на тумори.
Моќните капини содржат и елагинска киселина, која го штити организмот од канцерогени, мутирани клетки. Тие имаат корисен ефект врз работата на срцето, црниот дроб, ја чистат крвта, го подобруваат видот и ги штитат органите за репродукција.
kupine, smuti, smoothie
Доколку имате проблеми со варењето на храната, овие бобинки ќе ви помогнат, бидејќи една чаша содржи 30 проценти од препорачаната доза на влакна, а може да ги консумираат дијабетичари, без грижи.
Со зголемена потрошувачка на дарови на природата, можете да спречите многу болести, кои се многу чести во изминатите дваесет години.