Поп од Црна Гора заработи 15 дена притвор, откако бил фатен како вози со 2,6 промили алкохол во крвта.
Се работи за 70-годишниот М.Љ. кој како што пренесуваат медиумите ширум регионот, бил на парастос, па според него како и вообичаено наздравил со лута печена ракија за душата на покојникот.
Тој заработи 15 дена притвор и 15 казнени поени.