сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетен велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа

Малолетен велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа
илустрација

На 15.08.2021 околу 19.20 часот на регионалниот пат на влез од с.Баница, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд“, со струмички регистарски ознаки, управувано од З.С.(39) од с.Баница и велосипед, управуван од малолетник од истото село, информира МВР.

По незгодата малолетникот бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица.