среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн го освои германскиот Суперкуп

Баерн го освои германскиот Суперкуп

Актуелниот шампион во Бундеслигата, Баерн Минхен го освои Суперкупот на Германија, откако вечерва ја победи Борусија Дортмунд на нејзин терен со 3:1.

Најзаслужен за триумфот на Баварците е Роберт Левандовски кој два пати се запиша во листата на стрелците (41. и 74. минута). Гол за Баерн постигна и Томас Милер, додека Марко Ројс е стрелец на единствениот погодок за „милионерите“.

Левандовски постигна гол на 14-ти последователен официјален натпревар.

За Баерн ова е деветти освоен Суперкупот и е најуспешна екипа, Борусија Дортмунд е втор тим по успешност со шест трофеи.