петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за сообраќајката кај „Мајчин дом“, повредени две лица

Детали за сообраќајката кај „Мајчин дом“, повредени две лица

Две лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа која вчера вечерта се случи на крстосницата кај „Мајчин дом“ во скопски Аеродром.

Од МВР информираат дека несреќата во која учествувале два автомобили, кај нив е пријавена во 20:30 часот.

-На крстосница од бул.„Јане Сандански“ со ул.„Васко Карангелески“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Ј.(41) од Скопје и патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Ѓ.(61) од Скопје, велат од МВР.

Во незгодата двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.