четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

САД донираа 500.000 дози вакцини на Косово

САД донираа 500.000 дози вакцини на Косово

САД донираа 500.000 дози вакцини Фајзер на Косово преку иницијативата КОВАКС, соопшти државниот секретар Ентони Блинкен.

САД донираа вакцини на десетици држави, а пратката пристигнува во Косово неколку дена откако најмладата европска држава понуди да прими Авганистанци поврзани со американската мисија откако Талибанците го освоија Кабул, потсетува Хина.

Блинкен на Твитер напиша дека донацијата „претставува заеднички вредности и непоколебливи врски меѓу двата народа“.