среда, 10. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ДЕТАЛИ ОД МВР: Познат идентитетот на повредените кај „Младост“

ДЕТАЛИ ОД МВР: Познат идентитетот на повредените кај „Младост“

Министерството за внатрешни информира дека во сообраќајната несреќа која се случи доцна синоќа на патот Башино Село – Отовица повредени се млади жени на возраст од 32 и 26 години.

-Возило „Форд – КА“ се превртело движејќи се кон езерото ,,Младост“. Со автомобилот управувал Е.А. (32), а како сопатник била В.И. (26), двете од Велес, велат од МВР за Курир.

Двете жени се здобиле со тешки повреди.

-Едното лице е со повреди на двата долни екстремитети и еден горен , а другата со повреди на десен и лев долен екстремитет информира д-р.Василка Пановска ПопСтефанова од службата за ИМБ при ЈЗУ Здравствен Дом.

Од страна на два тима од ИМБ пациентите се згрижени на лице место и поради сериозност на повредите, итно се однесени на хирушкиот одел при велешката болница, за понатамошно лекување.

На лице место увид на несреќата, направила екипа на СВР Велес.