петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Раководството на НБА го објави распоредот за новата сезона

Раководството на НБА го објави распоредот за новата сезона

Најсилната кошаркарска лига на светот американската НБА , го објави новиот натпреварувачки календар за сезоната 2021/2022.

Секој тим во регуларниот дел кој ќе започне  на 19-ти октомври ќе одигра 82 натпревари. Откако ќе се одиграат сите средби, регуларниот дел ќе заврши на 10.април 2022 година.

НБА плеј – оф турнирите ќе се одржат од 12-ти до 15 ти април 2022 , за потоа разигрувањето за титулата ќе започне на 16,април 2022 година. Според распоредот првиот меч од големото НБА финале е закажан на 2.јуни 2022 година.

Целата сезона ќе биде во знакот на просавата 75 години од постоењето на НБА лигата.Во рамките на просавата и целата сезона ќе бидат претставувани сите тимови со сите играчи ,тренери и блескави моменти кои оставиле трага во историјата на најквалитетната лига .