Масимилијано Алегри го започна со реми својат втор мандат како тренер на Јувентус, откако вечерва во вистинска драма во Удине одигра 2-2.
Неговиот Јувентус испушти предност од 0:2 против Удинезе, но дури и во ситуација кога постигна трет гол во 94-та минута, тоа не се покажа како доволно за победа.
Причина за тоа беше ВАР, односно милиметарскиот офсајд на Кристијано Роналдо кој направи еуфоричната прослава на Португалецот да се најде во втор план.
Роналдо одлично погоди со глава, го соблече дресот и жестоко прославуваше со своите соиграчи, но после тоа неговиот победнички гол беше поништен и натпреварот заврши 2:2.
Претходно, Јувентус одигра изворедно ефикасно прво полувреме во кое Дибала и Квадрадо стрелаа за 0:2, но домаќините не се откажаа и преку Переира и Деулофеу израмнија на 2:2, резултат кој се покажа како конечен и после лудата завршница на мечот.
За Макс Алегри ова беше прв официјален меч во Јувентус по враќањето во клубот, на кој реши Роналдо да има улога на резервист поради задоцнетиот почеток со подготовките.