среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Перо Антиќ им честита на кошаркарките до 16 години за златото во Тбилиси

Перо Антиќ им честита на кошаркарките до 16 години за златото во Тбилиси

Женската кошаркарска  селекција на Македонија за кошаркарки до 16 години дојде на прием во „Куќата на кошарката“ и ги донесе трофеите кои се освоија на Челенџерот во Тбилиси, Грузија.

Нашите златни кадетки имаа одличен настап на турнирот во Тбилиси каде стигнаа до четири убедливи победи во дуелите со Малта, Албанија, Ерменија и Грузија и со максимален ефект ги ставија златните одличја на своите гради.

Предводени од селекторот Никола Златев и асистентите Ведран Белешковски и Форка Георгиева, селекцијата дојде во просториите на федерацијата, каде имаа прием организиран од страна на раводството на федерацијата, предводено од претседателот Перо Антиќ, генералниот секретар, Владимир Георгиевски и спортскиот директор Тодор Гечевски.

Македонија забележа високи победи на овој турнир, меѓу нив е и онаа од 70 поени против ривалот Ерменија.