Скопски Работнчки ангажира еден домашен и еден странски кошаркар пред почетокот на новата сезона.
Ново име од домашната сцена е Горјан Марковски. Кошаркарот доаѓа од редовите на Куманово каде ги мина изминатите неколку сезони.
Од странската сцена, доаѓа Ромен Луисер од Франција. 27-годишниот крилен центар доаѓа од Словачка каде настапуваше за Превидза, а има и настапи во уште две екипи во Европа. Беше дел и од НЦАА-лигата.