четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Петарда“ на Баерн против Херта, три гола на Левандовски

„Петарда“ на Баерн против Херта, три гола на Левандовски

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен ја прегази Херта Берлин со 5-0 во последниот натпревар од денешната програма во германската Бундеслига.

Фаворитот покажа знаење, квалитет, ефикасност и само потврди дека и сезонава ќе биде главен претендент за пехарот во лигата. Во центарот на вниманието беше кој друг ако не Роберт Левандовски кој „испука хет-трик“.

Полскиот ас беше прецизен во 35, 70 и 84 минута, а свое учество во гол шоуто имаа уште Милер кој го отвори резултатот и младиот Мусиала.

Баварците со учинок од седум бода се на второто место на табелата зад Леверкузен.