среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус испрати понуда за Мауро Икарди

Јувентус испрати понуда за Мауро Икарди

После заминувањето на Кристиано Роналдо Јувентус е во потрага по засилување во нападот, а првото ќе биде Моис Кин кој денес пристигна на прегледи во Торино.

Меѓутоа, Алегри сака уште еден напаѓач, а прва желба е голгетерот на ПСЖ, Мауро Икарди.

Икарди изгледа како одлична опција за Јувентус затоа што Серија А му е добро познато од времето во дресот на Интер.

„Старата дама“ испрати понуда од 10 милиони евра за едногодишна позајмица со право на откуп, но ПСЖ не е спремен да го пушти со таква формула.

Икарди не добива голема минутажа во Париз, но „светците“ не сакаат да го пуштат бидејќи голема е веројатноста Мбапе да се пресели во Реал Мадрид.

Сепак, Јувентус не се откажува и продолжува да притиска за да го добие потписот на Аргентинецот.