вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Боатенг и официјално нов играч на Лион

Боатенг и официјално нов играч на Лион

Жаром Боатенг и официјално има нов клуб. Францускиот прволигаш Лион ја доби битката со конкуренцијата и го договори потписот на искусниот дефанзивец, кој откако не го продолжи договорот со баварците како слободен агент беше во потрага по нова средина.

За услугите на поранешниот германски репрезентативец беа заинтересирани уште Херта и Севиља, но Лион бил најдоректен во понудата и денес е постигнат договор на две години.

Францускиот клуб ова лето го донесе и Дамјан да Силва како слободен играч, но Петер Бош беше решен целосно да го замени стоперскиот тандем. Бразилецот Марсело и Џејсон Денајер веќе отпаднаа од тимот, па сигурно е дека новиот стоперски тандем ќе го сочинуваат Да Силва и Боатенг.