вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шоу на Роналдо со два гола за пресврт и рекорд со кој стана најдобриот стрелец на сите времиња на репрезентативен план

Шоу на Роналдо со два гола за пресврт и рекорд со кој стана најдобриот стрелец на сите времиња на репрезентативен план

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо влезе во светската историја и стана најдобриот стрелец на сите времиња на репрезентативен план, откако вечерва со два гола, прво на минута пред крајот, а потоа во 96-та минута и донесе невиден пресврт на Португалија против Р. Ирска (2-1) и стигна до 111-гола во дресот на оваа селекција во 180 одиграни меча.

Близу беше Португалија до голем шок откако Роналдо промаши пенал во 15-та минута, по што Џон Еган ги казни во последната минута од првиот дел за водство на Р. Ирска, која не успеа да додржи за да направи голема сензација, па Португалија дури од 21-от шут, после тотална доминација и 13 корнери, преку својата најголема ѕвезда успеа да стигне израмни, а потоа и со втор гол да донесе голема победа за прво место.

За Роналдо со овие два гола сега дојде до 111 погодоци во националниот дрес и со тоа го надмина Али Даеи, иранската легенда, со која досега беа израмнети после Еуро 2020, со по 109 гола.

Франција не успеа да ја победи БиХ на домашен терен откако и „триколорите“ како и Португалија ремизираа 1-1, во меч на кој гостите поведоа со гол на Един Џеко, а израмни пред полувремето Ентоан Гризман, па брзо во вториот дел Франција остана со десетмина поради исклучувањето на Жил Кунде, но ниту тие запнаа за победа, ниту Босанците го искористија играчот повеќе за првокласна сензација.

ГРУПА А: Португалија – Р. Ирска 2-1, Луксембург – Азербејџан 2-1, Србија слободна

ТАБЕЛА: Португалија 10, Србија 7, Луксембург 6, Р. Ирска 0, Азербејџан 0

ГРУПА Д: Казахстан – Украина 2-2, Франција – БиХ 1-1, Финска слободна

ТАБЕЛА: Франција 8, Украина 4, Финска 2, БиХ 2, Казахстан 2

ГРУПА Ф: Данска – Шкотска 2-0, Фарски Острови – Израел 0-4, Молдавија – Австрија во тек

ТАБЕЛА: Данска 12, Израел 7, Австрија 4 (-1), Шкотска 5, Ф. Острови 1. Молдавија 1

ГРУПА Г: Турција – Црна Гора 2-2, Норвешка – Холандија 1-1, Летонија – Гибралтар 3-1

ТАБЕЛА: Турција 8, Холандија 7, Норвешка 7, Црна Гора 6, Летонија 4, Гибралтар 0

ГРУПА Х: Русија – Хрватска 0-0, Словенија – Словачка 1-1, Малта – Кипар 3-0

ТАБЕЛА: Хрватска 7, Русија 7, Словачка 6, Словенија 4, Малта 4, Кипар 4