петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Милсап нов кошаркар на Бруклин

Милсап нов кошаркар на Бруклин

Американскиот кошаркар Пол Милсап е нов играч на екипата на Бруклин, објави НБА лигата.

Крилниот центар од 2017 година настапуваше за Денвер, а во Бруклин доаѓа без обесштетување.

Минатата сезона 36-годишниот Милсап имаше просек од девет поени и 4.7 скокови по натпревар.

Милсап, кој има четири Ол-стар настапи, претходно во кариерата беше член и на Јута и Атланта.