петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Лажно пријавил дека му го украле автомобилот – поднесена кривична пријава против 20. годишник

Лажно пријавил дека му го украле автомобилот – поднесена кривична пријава против 20. годишник

На 13.09.2021, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Д.И.(20) од кратовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“.

На 06.09.2021 во Полициската станица Чаир Д.И. пријавил дека на ул.„Гоце Стојчевски“ во Скопје му било одземено патничко возило „фолксваген туарег“ со италијански регистарски ознаки. Но, по преземени мерки и активности од полициски службеници било констатирано дека станува збор за лажно пријавување.

Д.И. го признал делото и изјавил дека го сторил тоа по претходен договор со едно лице поради должничко доверителски односи и за да го прикрие тоа од неговото семејство. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.