среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Камион удрил во велосипед во Карпош – со тешки повреди велосипедистот итно пренесен во болница

Камион удрил во велосипед во Карпош – со тешки повреди велосипедистот итно пренесен во болница
илустрација

На 21.09.2021 во 11,30 чaсот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, товарно моторно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(44) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Д.Т.(40) од Скопје.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настнот од увидна екипа од СВР Скопје.