Никој не може да одолее на домашни, бабини крофни. Но, ако сте страствен љубител на чоколадо, сигурно ќе ставите чоколаден сируп или барем стопено чоколадо врз крофните на баба ви. Ви носиме нешто уште послатко – рецепт за целосно чоколадни крофни!
Состојки:
две јајца
150 мл млака вода
150 мл топло млеко
половина квасец
лажичка прашок за пециво
лажица какао во прав
600 гр брашно
три лажици шеќер
две лажици масло
прстофат сол
кора од лимон
За глазура:
250 гр чоколадо
Подготовка:
Промешајте ги квасецот и шеќерот во млака вода и оставете да делува. Во голем сад изматете ги јајцата со малку сол и две лажици какао во прав, додадете го преостанатиот квасец, млеко, масло и кора од лимон. Потоа истурете го прашокот за пециво, и со постепено додавање брашно, замесете го тестото. Оставете да отстои половина час, а потоа со сукало развлечете го до дебелина на еден прст. Извадете кругови, потоа покријте ги со крпа и оставете ги 15 минути. Пропржете ги крофните во врело масло додека не поруменат од двете страни, а потоа прелијте ги со глазура од растопено чоколадо и масло.