петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Рибар потонал во езерото Козјак, полицијата го бара телото

Рибар потонал во езерото Козјак, полицијата го бара телото

На 25.09.2021 во 17:40 часот во Полициската станица Македонски Брод, А.Д., пријавил дека, додека со чамец ловеле риба на езерото Козјак заедно со Б.Л.(55) од с.Пополжани, кичевско, чамецот се превртел.

Според пријавеното, А.Д. останал на чамецот и дошол до брегот, а Б.Л. пливал, но на околу 30 метри пред брегот потонал во водите на езерото.

Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за пронаоѓање на Б.Л. и за расчистување на случајот.