вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за тешката сообраќајка во скопско во која загинаа две лица

Детали за тешката сообраќајка во скопско во која загинаа две лица

Министерството за внатрешни работи соопшти детали за сообраќајната несреќа во која животот го загубија две лица на патот село Миладиновци-село Кадино.

-Несреќата се случила во периодот од 01.00 до 06.00 часот кога патничко возило „Џип Гранд Чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(72) од с.Долно Лисиче,  излеглo надвор од коловозот и падналo на покривот во одводен канал. Притоа, од здобиените повреди на местото на настанот починале З.Д. и сопатничката С.Д. (68) од Скопје, информираат од МВР.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.