понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо: Имам голема почит кон Ливерпул, но мислам дека сме подобри

Роналдо: Имам голема почит кон Ливерпул, но мислам дека сме подобри

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо го спореди Ливерпул со неговиот тим од пред неколку години, најмногу во контекст на триото во нападот – Салах, Мане и Фирмино. Тимот од Мадрид за трофејот во финалето ќе се борат против „црвените од „Енфилд“.

– Тие ме потсетуваат на Реал од пред неколку години, со три брзи играчи во нападот. Тие се во финалето заслужено. Имам голема почит кон Ливерпул, но мислам дека сме подобри, изјави Роналдо, цитиран од „Индепендент“.

Португалецот додаде дека ова е историски момент за клубот и дека треба да го покажат искуството во такви ситуации.

– Од суштинско значење е да напишеме историја, а не кој ќе постигне гол. Ја сакам Лигата на шампионите, бидејќи за да ја освоите, мора да ги победите најдобрите тимови на континентот и секогаш се случува нешто возбудливо, вели Роналдо.

Финалето на Лигата на Шампионите се игра во сабота, 26 мај во Киев.