четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Куманово и ТФТ со победи ја отворија новата сезона

Куманово и ТФТ со победи ја отворија новата сезона

ТФТ Скопје на гости кај Кожув  славеше со убедливи 88-77 во рамки на 1.коло во Првата кошаркарска лига.

Ландриус Хортон со 24 поени и осум скока беше најдобар во редовите на ТФТ, додека Андреј Маслинко реализираше 13 поени.

Влатко Граниќ со 23 поени најмногу се истакна кај тимот од Гевгелија.

На вториот вечерашен натпревар со кој се комплетираше премиерното коло во Првата лига, Куманово на домашен паркет славеше против новајлијата Ангели со 73-64.

Џонатан Холмс со 16 поени беше најефикасен кај кумановци, а Џозеф Кејлеб имаше 14 поени. Кај Ангели, Аула Сумбри постигна 18 поени со девет скока, а Џон Васар имаше 10 поени и 13 скока.