Шеесет и девет годишниот тетовец М.Б. е повреден во сообраќајна несреќа која се случила пред два дена околу 23,10 часот на улица „167“ во Тетово.
Од полицијата информираат дека патничко моторно возило „Опел корса“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од Ј.А.(67) од Голема Речица, удрило во М.Б.
Повредениот пешак бил пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница Тетово.
Извршен е увид на местото на настанот.