петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Јунајтед го договорил Роналдо во дворот на легендата на Барселона

Јунајтед го договорил Роналдо во дворот на легендата на Барселона

Трансферот на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед е еден од оние кои го одбележаа летниот преоден рок, заедно со тој на Лионел Меси и уште неколку.

Поранешниот фудбалер на Барселона, Гери Линекер тврди дека тој бил сведок на договорот кој го постигнале Јунајтед и Роналдо. Тоа, како што вели, се случило кај него дома.

„Јунајтед го договори трансферот на Роналдо во мојот двор. Ед Вудворд е мој добар пријател, ние сме соседи и тој буквално се договори со него додека седеше во дворот кај мене. Направив и фантастична фотографија со Вудворд на телефонот која би можел еден ден да ја споделам, се разбира со негова дозвола“, изјави Линекер.

Англичанецот беше еден од најдобрите голгетери на своето време, во 80. години од минатиот век. Три години од својата кариера помина во Барселона и на 103 меча постигна 42 гола, а освои еден трофеј во Купот на победниците на куповите и еден во Копа дел Реј.