среда, 28. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Линкер: Го почитувам Роналдо но…

Линкер: Го почитувам Роналдо но…

Поранешниот легендарен англиски фудбалер, Гери Линекер говорејќи во интервјуто за шпанска „Марка“, се осврна и на доста популарната тема помеѓу љубителите на фудбалот, односно споредбата помеѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Како што е познато, Линекер е голем обожовател на Марадона и Меси, па токму тој двоец го преферира, меѓутоа додава дека му е тешко кога се прават споредбите со Роналдо.

-Тие ни носеа среќа, постојат и други фудбалери кои се издвоија, двајцата Роналдовци, како за пример, меѓутоа јас во нив гледам како гол-машини, а тоа што Марадона и Меси го правеа, другиот се уште го прави на теренот, е нешто што никој друг не успеал во сопствената кариера, рече Линекер.

Тие играа/играат друг спорт, јас го сакам Роналдо, го почитувам премногу, тој е голем фудбалер исто така, меѓутоа моето искрено гледиште на таа тема е тоа дека не може да ги споредуваме, ниту пак да коментираме кој е најдобриот најмногу поради сето тоа што Лео го прави на терените, дури и мене ми е тешко да ги споредувам, тоа ме повредува, обајцата се големи во тоа што го работат, додаде тој.