вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Агуеро и Џерард нека му ја мислат, Роналдо е прогласен за Играч на месецот во Премиерлигата

Агуеро и Џерард нека му ја мислат, Роналдо е прогласен за Играч на месецот во Премиерлигата

Кристијано Роналдо е прогласен за Играч на месецот во Премиерлигата, ЦР7 ја доби наградата откако по враќањето во Манчестер јунајтед веднаш почна да ги тресе противничките мрежи и постигна три погодока во септември.

Прво признание за Кристијано Роналдо по враќањето во Мначестер јунајтед, Португалецот е избран за Играч на месецот во Премиерлигата. ЦР7 постигна три погодока (два против Њукасл и еден против Вест Хем) во септември па тоа беше доволно да ја добие наградата пред Мо Салах, Жоао Кансело, Антонио Ридигер, Алан Сент Максиман и Исмаила Сар.

Последен пат Кристијано Роналдо беше прогласен за Играч на месецот во 2008, па разликата од 13 години е најдолга во историјата на наградата.

За Кристијано Роналдо ова беше петто вакво признание и се изнеднчи со Вејн Руни и Робин ван Перси. Пред него се Стивен Џерард и Хари Кејн со по шест награди и Кун Агуеро со седум награди, но се чини само прашање на време е кога ЦР7 ќе го завземе тронот и во оваа категорија.