сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо: Тоа е во мојата ДНК, тоа е во нашата ДНК…

Роналдо: Тоа е во мојата ДНК, тоа е во нашата ДНК…

Репрезентацијата на Португалија го растури Луксембург (5-0) и со тоа направи уште еден исчекор кон остварување на посакуваната цел, а тоа е пласман на мундијалот во Катар кој е на програмата наредната календарска година.

Во елемент беше капитенот Кристијано Роналдо кој трипати ја затресе мрежата на аутсајдерот со што продолжи да пишува историја во светскиот фудбал. Се разбира ваквото издание и убедливата победа го направија Роналдо да биде многу среќен, па членот на Манчестер Јунајтед испрати порака во негов стил.

-Уште една победа, уште еден чекор кон нашата цел, уште една историска ноќ во одбрана на нашите бои! Се станува полесно кога играме дома и пред публика што се грижи за нас од првата до последната минута … Ветив дека секогаш ќе барам се повеќе и повеќе и повеќе! Тоа е во мојата ДНК и во нашата ДНК, ние никогаш не сме задоволни, никогаш не се откажуваме и секогаш ќе се бориме за се што можеме да постигнеме! Напред Португалија, -истакна Роналдо.