При несреќа на градилиште во Италија, 48- годишен македонски работник по потекло од општина Центар Жупа го загуби животот.
-Тоа е нашиот сограѓанин Назиф Ајдароски, кој со години работи во градежништво во областа Тревизо, каде што живее голема заедница од нашата општина. Родум е од селото Бајрамовци а подолг период живееше во село Житинани, од каде замина за Италија. Голема трагедија, изјави за МИА, жител на Житинани.
Ајдаровски бил оженет и татко на три деца на 19, 17 и 10 -годишна возраст.
За трагичниот настан известуваат и италијанските медиуми според кои обивинителството во Тревизо отворило истрага, а обвинителката Даниела Брунети наредила да се изврши обдукција на телото за да се открие причината. На распит биле повикани одговорните лица.
Во Италија живеат и работат повеќе илјади жители од оваа, од општина Дебар и од подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.