недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Канада воведе задолжителна вакцинација за пратениците

Канада воведе задолжителна вакцинација за пратениците
A joint session of Parliament in the House of Commons in Ottawa November 3, 2014. (Chris Wattie/Reuters)

Здолжителната вакцинација беше тема на жестоки дискусии во текот на изборната кампања. Либералната партија на Трудо се залагаше за задолжителна вакцинација, а останатите партии дадоа поддршка со исклучок на Конзервативната партија
Канадските пратеници ќе мора да се вакцинираат против коронавирус за да работат во Долниот дом од крајот на ноември, изјави спикерот Ентони Рота.

Задолжителната вакцинација ќе стапи на сила на 22 ноември кога пратениците треба да се состанат за првпат по изборите одржани пред еден месец, на кои победи актуелниот премиер Џастин Трудо.

Доказ дека се целосно вакцинирани нема да им биде потребен само на членовите на Долниот дом туку и на нивниот персонал, администрацијата, новинарите и консултантите.

Оние кои не може да се вакцинираат од медицински причини ќе може да направат брз тест за ковид-19.

Токму задолжителната вакцинација беше тема на жестоки дискусии во текот на изборната кампања. Либералната партија на Трудо се залагаше за задолжителна вакцинација, а останатите партии дадоа поддршка со исклучок на Конзервативната партија.

Тогаш либералите објавија дека сите нивни кандидати се вакцинирани, додека конзервативците не објавија податок колку од нивните кандидати веќе се вакцинирани, меѓутоа за „Си-би-си њуз“ изјавија дека ќе ги почитуваат директивите кои се во насока на штитење на јавното здравје.

Воведувањето на задолжителна вакцинација за пратениците е проширување на пакетот рестрикции кои веќе се воведени во канадскиот парламент, како што е задолжителното носење заштитна маска и затворање за посетители.