четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Србија повеќе нема кревети за болните од коронавирусот

Србија повеќе нема кревети за болните од коронавирусот

Немаме кревети, пациентите порано ги отпуштаме, вели српскиот епидемиолог Предраг Кон.

Кон изјави дека го поздравува воведувањето на ковид-пропусниците, но наведе дека тие требало да се воведат порано, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој за ТВ Прва вели дека состојбата е катастрофална. Кон вели дека не постои брз начин да се зголеми бројот на вакцинирани граѓани во Србија за да се добие колективен имунитет. Смета дека вирусот „сериозно е во оптек“ кај децата, така што некои од нив се на респиратор, и дека „легитимното прашање е дали е време да се размислува за онлајн настава“. Кон вели дека „моторот“ на секоја респираторна епидемија се колективите – училиштето, работните, спортските, веселбите, свадбите, ноќните клубови.

Од сабота во угостителските објекти ќе се влегува со ковид пропусница.
Србија дневно има по 6.000, 7.000 па дури и 8.000 заразени. Инаку, Србија беше права земја во регионот која имаше повеќе вакцини на располагање.