вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Рекорден број новозаболени во Бугарија

Рекорден број новозаболени во Бугарија

Во Бугарија во последните 24 часа се регистрирани нови 6.813 случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почеток на пандемијата.

Како последица од вирусот, согласно последниот пресек починале 124 лица.

Ројтерс пренесува дека на болничко лекување се 7.300 пациенти, а од 700 места на интензивна нега ширум земјата, 608 се пополнети.

Поради порастот на хоспитализацијата, Бугарија се соочува со недостаток на медицински персонал.