Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска не се појави на снимањето на новата емисија на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“.
Наместо неа, тука беше Ивана Петерс, која е асистент на Цеца во подготовките на нејзините кандидати за следниот круг.
Од продукцијата „Гранд“ се говореше дека Цеца била настината, и дека толку ја болело грлото што го изгубила гласот.
– Цеца навистина не можеше да дојде на снимање. Ја фатила тешка настинка. Дури и го изгубила гласот. Наместо тоа, додека не закрепне, Ивана Петерс ќе биде во жирито, изјавија продукцијата.
Инаку, Светлана Цеца Ражнатовиќ од емисија во емисија ја воодушевува публиката со своите коментари во „Ѕвездите на Гранд“.
Гледачите ја фалат за давање огромна поддршка на кандидатите и разбирање за нив.