четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во скопско: Фрлил летоци од политичка партија, па завршил претепан во болница

Драма во скопско: Фрлил летоци од политичка партија, па завршил претепан во болница
илустрација

На 28.10.2021 во 02:40 часот во Полициската станица Карпош, Д.С.(25) од с.Шишево, скопско, пријавил дека во неговиот угостителски објект на ул.„Есперанто“ бил физички нападнат од едно лице затоа што во корпа за отпадоци фрлил летоци од политичка партија, кои неколку други лица ги фрлиле на летната тераса.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и било утврдено дека во Градската општа болница „8-ми Септември“ со повреди бил однесен М.Ѓ.(31) од Скопје.

Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека на ул.„Есперанто“ бил физички нападнат од повеќе лица.

На местото било пронајдено оставено  патничко возило „фолксваген џета“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.А. од Скопје, во кое имало летоци и рекламен материјал од истата политичка партија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.